„ТОЈ Е МОЈ ДОБАР ПРИЈАТЕЛ И ЌЕ ПРЕКИНЕ СО КУПУВАЊЕ РУСКА НАФТА“ Трамп со изајва за Орбан

„ТОЈ Е МОЈ ДОБАР ПРИЈАТЕЛ И ЌЕ ПРЕКИНЕ СО КУПУВАЊЕ РУСКА НАФТА“ Трамп со изајва за Орбан

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази намера да се обрати до унгарскиот премиер Виктор Орбан со молба да ја стопира набавката на руска нафта од Будимпешта. „Тој е мој добар пријател. Не сме имале разговор, но верувам дека ако го повикам, ќе се согласи да престане со купувањето на руска нафта. Планирам да го направам тоа“, изјави Трамп пред својата средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Њујорк, според информациите на Ројтерс.

Трамп редовно ги повикува европските нации да се откажат од увозот на руска нафта, а оваа тема ја потенцираше и за време на неговото обраќање на Генералното собрание на Обединетите нации. Тој истакна дека е потребно да се засили притисокот врз рускиот претседател Владимир Путин за да ја запре војната во Украина. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, по Трамповото обраќање, потврди дека неговите ставови се точни и дека работат на планот Европа да престане со купувањето на руска нафта до крајот на годината.

Иако многу европски земји прекинаа директно да купуваат руска нафта по почетокот на конфликтот во Украина во 2022 година, некои членки на ЕУ продолжуваат со овие трансакции. Дополнително, дел од земјите увезуваат дизел од Индија и Турција, каде што руската нафта се преработува во дизел гориво.

CATEGORIES
Share This