АРТЕТА ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА Ќе бидат ли оптоварување за фудбалерите?

АРТЕТА ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА Ќе бидат ли оптоварување за фудбалерите?

Микел Артета, тренерот на Арсенал, е на чело на клубот од 2019 година и за тоа време успеа да освои три значајни трофеи. Под негово водство, „Топџиите“ го освоија ФА купот во 2020 година, а исто така двапати ја подигнаа Комјунити Шилд (2020 и 2023). Навивачите на Арсенал со нетрпение очекуваат трофеј од Премиер лигата, кој долго време им недостасува. Новата сезона започна солидно за Арсенал, со девет бода од можни 12, со три победи (Нотингем Форест, Лидс Јунајтед, Манчестер Јунајтед) и една загуба од Ливерпул.

Артета е познат по строгата дисциплина која ја бара од своите играчи. Тој поставува правила и очекува нивно почитување без никакви прашања. Во последно време, Артета воведе нова практика која значително ги оптоварува играчите финансиски. Според новите правила, сите играчи и членови на стручниот штаб мора да бидат присутни во тренинг кампот пред секој натпревар, без разлика дали се работи за домашен или гостински натпревар.

Оваа нова обврска значи дека многу играчи мораат да користат такси за да стигнат до кампот, што може да им донесе значителни трошоци. Сепак, со оглед на високите плати на фудбалерите на овој ниво, правилото не би требало да им претставува поголем проблем. Артета верува дека оваа практика ќе помогне во создавање на поголема хармонија во тимот, што е еден од неговите главни цели.

CATEGORIES
Share This