СУДИИТЕ БАРААТ ДВОЈНИ ПЛАТИ – Мицкоски им порача: Не заслужувате ни што земате

Освен ова „не“, Мицкоски најави дека Владата нема да ја либерализира цената на струјата, ниту ќе ја менува даночната политика. За спорниот член 353 од Кривичниот законик, кој ја олесни одговорноста за злоупотреби на службена должност, најави анализа на европските практики пред измените.

СУДИИТЕ БАРААТ ДВОЈНИ ПЛАТИ – Мицкоски им порача: Не заслужувате ни што земате
Фото: Национал

Премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите порача дека Владата нема да ги прифати барањата на ЕУ за зголемување на платите на судиите и обвинителите. Според него, сегашните примања се веќе високи, а бараното зголемување би значело плати и до 350.000 денари месечно и буџет за судството од околу 100 милиони долари.

„И со овие примања не си ја вршат работата. Лично би им ги намалил. Нема резултат, а земаат многу повеќе од просекот“, изјави премиерот, најавувајќи компаративна анализа со Германија, Франција, Хрватска и уште две европски земји за да се излезе со предлог пред Брисел.

ЕУ, пак, во Реформската агенда бара минимум 0,8% од БДП за судскиот буџет (лани бил само 0,29%), како и усогласување на платите на судиите со растот на минималната плата за да се обезбеди независност и функционалност на правосудството.

Освен ова „не“, Мицкоски најави дека Владата нема да ја либерализира цената на струјата, ниту ќе ја менува даночната политика. За спорниот член 353 од Кривичниот законик, кој ја олесни одговорноста за злоупотреби на службена должност, најави анализа на европските практики пред измените.

Иако експерти сметаат дека со овие ставови премиерот практично блокира дел од реформите, вицепремиерот Орхан Муртезани остана оптимист дека Македонија до декември ќе биде лидер во регионот во исполнување на обврските кон ЕУ, најавувајќи дека сите закони прво ќе се усогласуваат со Европската комисија, а потоа ќе одат во Собрание.

CATEGORIES
Share This