РОСИЦА И НЕЈЗИНИОТ ТАTКО СЕ МРТВИ – Револт поради одлуките на судството и обвинителството

Активисти и јавни личности бараат кривична и дисциплинска одговорност за надлежните, како и законски измени со кои насилниците нема да можат да добиваат условни казни.

РОСИЦА И НЕЈЗИНИОТ ТАTКО СЕ МРТВИ – Револт поради одлуките на судството и обвинителството
Фото: Принтскрин

Убиството на 31-годишната Росица Коцева и нејзиниот татко од нејзиниот поранешен партнер ја крена јавноста на нозе. Реакциите се насочени кон судиите и обвинителите кои му укинале притвор и изрекле условна казна за претходни дела на насилство.

Активисти и јавни личности бараат кривична и дисциплинска одговорност за надлежните, како и законски измени со кои насилниците нема да можат да добиваат условни казни.

Кој затаи во однос на трагедијата во Велес, кога Илија Стефановски ја уби својата поранешна партнерка Росица Коцева и нејзиниот татко, а потоа си го одзеде животот, отвори лавина прашања. Зад крвавото злосторство стојат десетици пријави за закани и насилство, полициски записници, судски одлуки и психијатриски вештачења. И покрај сите аларми, системот не успеа да ја заштити жртвата.

Психолози предупредуваат дека кај случај со толку многу дојави, институциите морале ефикасно да реагираат и сторителот да биде под постојан надзор. Иако психијатриското вештачење не регистрирало ментално нарушување кај Стефановски, крватото дело на ваков чин не може да го изврши личност без психолошки проблем.

CATEGORIES
Share This