СПОРУГА ГО ПРИЈАВИЛА СВОЈОТ СОПРУГ Тврди дека била нападната во нивниот дом

СПОРУГА ГО ПРИЈАВИЛА СВОЈОТ СОПРУГ Тврди дека била нападната во нивниот дом

Во Кавадарци, денеска, е спроведен службен разговор со 35-годишниот М.Б., по пријава од неговата 36-годишна сопруга. Според пријавата, во нивниот дом, тој физички ја нападнал и ѝ се заканувал со остар предмет. Дополнително, таа тврди дека во нејзиното возило поставил ГПС локатор.

Секторот за внатрешни работи од Велес потврди дека локаторот е одземен, а на М.Б. му е изречена мерка за забрана за приближување кон сопругата. Случајот продолжува да се истражува, а надлежните апелираат на жртвите на насилство да не се двоумат да пријават вакви инциденти.

CATEGORIES
Share This