КИНА СО ОСТРО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Нема да дозволиме независност на Тајван
Кина испрати барање до Вашингтон да го ограничи своето воено присуство во Јужното Кинеско Море.

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун изјави дека Народноослободителната армија никогаш нема да дозволи сепаратистичките сили во Тајван да успеат во своите обиди за независност, објави агенцијата Синхуа.
Тој истакна дека армијата е „моќна и непобедлива сила“ која гарантира зачувување на територијалниот интегритет и обединување на земјата, додавајќи дека Пекинг ќе употреби сите средства за да спречи било какво отцепување на островот.
Истовремено, Кина испрати барање до Вашингтон да го ограничи своето воено присуство во Јужното Кинеско Море, по забележувањето на американскиот разорувач „УСС Хигинс“ во близина на Скарборо Риџ – територија што Пекинг ја смета за своја.
CATEGORIES Свет


