КОМИСИЈАТА АНАЛИЗИРА ОСУМ СЛУЧАИ ОД КАРДИОХИРУРГИЈА – Ивештајот со меѓународни експерти ќе биде јавно објавен
Комисијата анализира осум случаи од кардиохирургијата – следи извештај со меѓународни експерти

Министерот за здравство, Азир Алиу, соопшти дека Комисијата формирана за разјаснување на сомнежите околу кардиохируршките интервенции досега одржала три состаноци и ги анализирала првите осум пријавени случаи.
Комисијата анализира осум случаи од кардиохирургијата – следи извештај со меѓународни експерти
Тој најави дека финалниот извештај ќе биде јавно објавен на веб-страницата на Министерството за здравство. Освен домашната комисија, во процесот учествуваат и тројца меѓународни експерти од Словенија, Италија и Австрија, кои се очекува да присуствуваат и лично на следните средби.
„Извештаите на домашните и меѓународните експерти ќе бидат основа за креирање нови политики во областа на кардиологијата и кардиохирургијата. Улогата на комисијата е да ја прикаже реалната состојба, а понатамошните чекори ќе бидат преземени од надлежните институции согласно законот,“ нагласи министерот Алиу.


