УСТАВНИОТ СУД ДЕНЕСКА ЌЕ РАСПРАВА ЗА ПРАВИЛНИКОТ НА ДИК – Ќе се разгледува правилникот за собирање потписи за локалните избори 2025

Иницијативи за укинување поднесоа Здружението „Светски македонски конгрес“ преку претседателот Тодор Петров и граѓанинот Стевче Стојанов.

УСТАВНИОТ СУД ДЕНЕСКА ЌЕ РАСПРАВА ЗА ПРАВИЛНИКОТ НА ДИК – Ќе се разгледува правилникот за собирање потписи за локалните избори 2025

На денешната седница на Уставниот суд ќе се разгледува иницијативата за укинување на Правилникот на Државната изборна комисија (ДИК) кој ја уредува постапката за собирање потписи за кандидатски листи поднесени од група избирачи и начинот на определување нотари.

Иницијативи за укинување поднесоа Здружението „Светски македонски конгрес“ преку претседателот Тодор Петров и граѓанинот Стевче Стојанов. Тие тврдат дека ДИК со донесувањето на Правилникот ги пречекорила своите овластувања и со подзаконски акт ограничила уставно загарантирани права на избирачите.

Во иницијативите се наведува дека правилникот е во спротивност со повеќе членови од Уставот и Изборниот законик, а особено се оспорува одредбата со која се бара листата на кандидати поднесена од група избирачи да биде поддржана од најмалку двајца избирачи. Подносителите сметаат дека ДИК со тоа се ставила во улога на законодавец.

Правилникот беше предложен од членот на ДИК, Александар Даштевски, кој се повика на член 63 од Изборниот законик, иако Уставниот суд претходно го укина членот 62 кој се однесува на локалните избори.

CATEGORIES
Share This