ПОЖАРОТ ВО КИСЕЛА ВОДА НАМЕРНО ПОДМЕТНАТ – Тврди премиерот Мицкоски

За жал, има структури кои на ваков начин се обидуваат да создадат нестабилност и немир. Но, како што реков, тие ќе конструираат и ќе подметнуваат, а ние ќе работиме чесно, ќе се бориме и на крајот повторно ќе победиме.

ПОЖАРОТ ВО КИСЕЛА ВОДА НАМЕРНО ПОДМЕТНАТ – Тврди премиерот Мицкоски
Фото: Национал

Премиерот Христијан Мицкоски денеска, одговарајќи на новинарско прашање за повторно подметнатиот пожар во Скопје и демантот на министерот за внатрешни работи дека има луѓе кои намерно палат, изјави:

„Не би навлегувал во тоа дали ме демантирал министерот за внатрешни работи. Утрово се појави јасна снимка на која се гледа како намерно се подметнува пожар во објектот што изби околу 04:30 часот. Во текот на целиот настан бев во контакт со градоначалникот на Кисела Вода, со министерот и со екипите од противпожарната единица на Град Скопје.

Очигледно е дека станува збор за дрско подметнување, што уште еднаш потврдува дека постојат центри на моќ кои пред избори се обидуваат да внесат страв и паника кај граѓаните. Одговорот на прашањето кому тоа му одговара е јасен, ако се направи кратка анализа.

Додека јас сум во Јегуновце, во Министерството за внатрешни работи заседаваат највисоките структури. Веќе се идентификувани околу дваесетина лица за кои има основано сомневање дека стојат зад овие настани. Последниве денови беа собрани и одредени дојави, врз основа на кои МВР, во координација со Министерството за животна средина, ќе постапува во наредниот период.

За жал, има структури кои на ваков начин се обидуваат да создадат нестабилност и немир. Но, како што реков, тие ќе конструираат и ќе подметнуваат, а ние ќе работиме чесно, ќе се бориме и на крајот повторно ќе победиме.“

CATEGORIES
Share This