Време е за чесна народна власт – раководството на Единствена Македонија влегува во изборната битка директно со народот

Затоа Единствена Македонија ја бара довербата - да ја вратиме честа, правдата и народната власт во секоја општина!

Време е за чесна народна власт  – раководството на Единствена Македонија влегува во изборната битка директно со народот
Фото: Единствена Македонија

Централниот комитет на Единствена Македонија донесе јасна и храбра одлука – највисоки функционери на партијата и членови на Извршниот комитет ќе бидат носители на кандидатските листи. Раководството се симнува на терен, заедно со народот, и директно ќе ја води битката за локалната власт.

Зошто токму кандидатите на Единствена Македонија да бидат вашиот избор?

Затоа што локалните избори не се обично гласање – тие ја дефинираат вашата иднина и секојдневие во наредните четири години.

Доста беше од политички авантуристи и трговци со народната мака, кои ја користат власта за лични привилегии, тендери и ќар. Ние не сме тие! Ние не сме „политичка елита“ што седи во удобни фотелји, туку луѓе кои ја преземаат одговорноста и излегуваат на првата линија со народот.

Со Единствена Македонија на власт – крај со корупцијата, крај со лагите, крај со политиката како личен бизнис!

Време е за чесна, народна власт – власт која ќе работи за граѓаните, а не за олигарсите.

Затоа Единствена Македонија ја бара довербата – да ја вратиме честа, правдата и народната власт во секоја општина!

CATEGORIES
TAGS
Share This