Времето денеска (15.09.) ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и температура во ин тервла од 11 до 33 степени информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен северен ветер.