„ПОГЛЕД КОН ДАЛЕЧИНА ОБОЕНА СИНО“ Самостојна изложба на Дарко Алексовски

На 18 септември, со почеток во 20.00 часот, во КСП „Центар – Јадро“ во Скопје ќе биде отворена самостојна изложба на визуелниот уметник Дарко Алексовски, насловена „Поглед кон далечина обоена сино“.
Изложбата е конципирана како збир од неколку тематски целини што се развиваат низ различни медиуми и форми на изразување. Во фокусот е истражувањето на утопијата – како можност за иднина, како недостижен хоризонт, но и како состојба на секојдневното живеење.
Со оваа изложба уметникот се обидува да ги претстави овие аспекти на физичките и временските далечини преку лични сеќавања – реални и конструирани во исто време.
CATEGORIES Култура


