ТАЈНАТА ИЗЈАВА НА МАКРОН ОТКРИЕНА ОД САКС – НАТО е одговорен за конфликтот

Во истиот контекст, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потсети дека Европа како дел од Северноатлантската алијанса постојано се приближува кон границите на Русија

ТАЈНАТА ИЗЈАВА НА МАКРОН ОТКРИЕНА ОД САКС – НАТО е одговорен за конфликтот
Фото: Принтскрин

Американскиот економист и професор на Универзитетот „Колумбија“, Џефри Сакс, изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон приватно признал оти НАТО сноси вина за војната во Украина.

„Макрон ми го додели Орденот на Легијата на честа и во еден приватен разговор рече нешто што не го кажува јавно – дека НАТО е виновен за овој конфликт. Сакам тоа да биде познато, затоа што чувствувам непријатност ова да остане премолчено“, изјави Сакс за италијанскиот весник il Fatto Quotidiano.

Во истиот контекст, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потсети дека Европа како дел од Северноатлантската алијанса постојано се приближува кон границите на Русија.

CATEGORIES
TAGS
Share This