СОБРАНИЕТО ДОНЕСЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНИТЕ ЗА СООБРАЌАЈОТ И ПРЕКРШОЦИТЕ – Нови мерки за построги казни и негативни поени за возачите

Претходно, со 73 гласа „за“ и ниту еден „против“, Собранието ја усвои Декларацијата за фер, слободни и демократски избори на локално ниво

СОБРАНИЕТО ДОНЕСЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНИТЕ ЗА СООБРАЌАЈОТ И ПРЕКРШОЦИТЕ – Нови мерки за построги казни и негативни поени за возачите
Фото: Национал

На 68. седница, Собранието без расправа и едногласно усвои повеќе закони во второ читање. Меѓу нив се измените на законите за употреба на знаковниот јазик, за социјална сигурност на старите лица, за инвалидски организации, за правата на воените инвалиди и нивните семејства, како и за обележување и одржување на гробиштата на борците.

Изгласани се и измени на Законот за социјална заштита, Законот за странци, како и Предлог-законот за задолжување со заем од Светска банка за дополнително финансирање на Проектот за унапредување на основното образование.

Особено внимание привлекоа измените на Законот за безбедност на сообраќајот и Законот за прекршоците. Со нив се овозможува користење на нови технички средства за брзо откривање и санкционирање на прекршоци, воведување негативни поени заедно со глобите и зголемување на казните за потешки прекршоци. Предвидена е и мерка „престанок на важење на возачка дозвола“ за возачи кои во рок од четири години двапати добиле забрана за управување со возило.

Пратениците изгласаа и закони со европско знаменце – за енергетска ефикасност, за работното време на мобилните работници во сообраќајот, како и за пристапност на веб-страниците и мобилните апликации на јавните институции.

Усвоени се и повеќе годишни извештаи, меѓу кои на Државниот завод за ревизија и Агенцијата за супервизија на пензиско осигурување за 2024 година.

По скратена постапка беше донесен и Законот за изменување и дополнување на Законот за иновациската дејност, по што седницата беше прекината.

Претходно, со 73 гласа „за“ и ниту еден „против“, Собранието ја усвои Декларацијата за фер, слободни и демократски избори на локално ниво.

CATEGORIES
Share This