МИНИСТЕРОТ ФЕТАИ ПРЕД НОВИНАРИТЕ Нема да зборувам на македонски

Фетаи доаѓа од коалицискиот партнер „Вреди“ - Алијанса за Албанците.

МИНИСТЕРОТ ФЕТАИ ПРЕД НОВИНАРИТЕ Нема да зборувам на македонски
Фото: Национал

Заменик-претседателот на Владата за добро владеење, Арбен Фетаи, денеска на јавен настан одговараше само на албански јазик, иако новинарите му поставуваа прашања на македонски.

Настанот се одржа по повод промоцијата на новите регистарски таблички во боја за службените возила, на кој присуствуваа и директорот на БЈБ, Александар Јанев, и директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски.

Еден од новинарите го прекина Фетаи со забелешка дека е редно да одговори на македонски, но тој кратко возврати:

„Уште не сум спремен на македонски“ и остана да зборува на албански, без обезбеден преведувач.

Фетаи доаѓа од коалицискиот партнер „Вреди“ – Алијанса за Албанците. Роден е во Куманово, а долги години живеел во Белгија, каде стекнал и белгиско државјанство. Според неговата биографија, покрај албански, тој зборува и македонски, француски, англиски и холандски.

CATEGORIES
TAGS
Share This