ДИРЕКТОРОТ НА СРПСКАТА ПОЛИЦИЈА ГИ СООПШТИ БРОЈКИТЕ Над 126.000 граѓани учествуваа на 111 собири против блокадите

Директорот на српската полиција, Драган Васиљевиќ, информираше дека на 111-те собири под слоганот „Граѓани против блокади“, организирани од Центарот за социјална стабилност, присуствувале вкупно 126.399 луѓе. Според неговите зборови, сите собири поминале без инциденти, но во Шабац и Чачак се одржале ненајавени паралелни собири, кои се обиделе да го спречат одржувањето на главните настани.
„На ненајавениот собир во Шабац, сообраќајот бил затворен, а граѓаните (кои учествувале против блокадите) биле запрени од група луѓе… Таму можело да дојде до инциденти. Лично разговарав со организаторот на собирот и ги замолив да ја променат рутата. Исто така, разговарав и со претседателот Александар Вучиќ. Важно е да се напомене дека на регистрираниот собир имало над 4.200 луѓе, додека на ненајавениот собир учествувале околу 400, што значи десетпати помалку. Организаторите го прифатија мојот предлог за промена на рутата, за што им се заблагодарувам за разбирањето“, изјави Васиљевиќ.
