АНБ СО ПРИЈАВА ДО ОБВИНИТЕЛСТВОТО – Незаконското прислушување на новинари и политичари

Според АНБ, известувањата произлегуваат од внатрешна истрага спроведена по промената на власта во 2024 година, а се однесуваат на дејствија во периодот од 2019 до 2024 година.

АНБ СО ПРИЈАВА ДО ОБВИНИТЕЛСТВОТО – Незаконското прислушување на новинари и политичари
Фото: Принтскрин

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) пред околу еден месец доставила три известувања до Јавното обвинителство против поранешен директор и група вработени, поради индиции за незаконско, непрофесионално и неетичко постапување.

Според АНБ, известувањата произлегуваат од внатрешна истрага спроведена по промената на власта во 2024 година, а се однесуваат на дејствија во периодот од 2019 до 2024 година.

Истрагата открила оформување предмети за оперативни обработки насочени кон опозицијата – меѓу нив и лидер на опозициска партија, како и повеќе новинари и медиуми, при што целта била „уривање на власта“. Во друг случај, под надзор биле ставени јавен обвинител и министер во тогашната влада.

Дополнително, било утврдено и намерно одолговлекување на безбедносни проверки – на пример, за пратеник од тогашната опозиција во постапка за добивање безбедносен сертификат. Притоа биле злоупотребени материјално-техничките ресурси на Агенцијата, а незаконски било спроведувано и следење на комуникациите.

Во посочениот период со АНБ раководеле Виктор Димовски и Заре Милошевски, додека актуелен директор е Бојан Христовски.

CATEGORIES
TAGS
Share This