КИНА И РУСИЈА СОГЛАСНИ ЗА ФОРМИРАЊЕ НОВ СВЕТСКИ ПОРЕДОК – Земјите-членки на ШОС заедно генерираат 30 милијарди долари годишно
Сè повеќе земји сакаат да соработуваат со ШОС, а искрениот интерес и вниманието на светската заедница кон оваа организација постојано расте.

На самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС) во Тјенџин, рускиот претседател Владимир Путин ја поддржа иницијативата на кинескиот колега Си Џинпинг за нов глобален поредок и најави дека Русија е подготвена да разгледа конкретни предлози.
Џинпинг повика на единство меѓу членките на организацијата, која вклучува Русија, Индија, Иран и други земји надвор од НАТО, нагласувајќи дека треба да се спротивставиме на менталитетот на Студената војна и на конфронтацијата на блоковите.
Според него, земјите од ШОС заедно генерираат годишен економски производ од речиси 30 милијарди долари, а организацијата расте побрзо од светскиот економски просек. На самитот учествуваат и Азербејџан, Египет, Индонезија, Турција, АСЕАН, Евроазиската унија, ОДКБ и ЗНД.


