КИНА ЗНАЕ ВО ШТО ДА ИНВЕСТИРА Планира зголемување на производството на чипови

КИНА ЗНАЕ ВО ШТО ДА ИНВЕСТИРА Планира зголемување на производството на чипови

Производителите на чипови во Кина имаат амбициозен план да го зголемат производството на чипови за вештачка интелигенција трипати до 2026 година. Оваа иницијатива е дел од стратегијата за намалување на зависноста од американската компанија Nvidia. Компанијата Huawei најави дека до крајот на оваа година ќе започне со работа во нова фабрика специјализирана за AI чипови, а планираат и отворање на уште две фабрики до 2026 година.

Иако овие фабрики се предвидени главно за потребите на Huawei, не е јасно кој ќе биде сопственик на самите објекти. Huawei, самиот, истакнува дека нема намера да управува со сопствени производствени капацитети, според информациите од Financial Times. Заедничкото производство во трите планирани фабрики би можело да надмине моменталните капацитети на најголемиот производител на чипови во Кина, компанијата SMIC, која е исто така најголемиот клиент на Huawei.

SMIC, пак, планира да го удвои производствениот капацитет за чипови со технологија од седум нанометри во следната година. Во меѓувреме, Пекинг интензивно работи на развој на домашни AI чипови, со цел да создаде процесори кои можат да конкурираат со специјализираниот модел H20 од Nvidia, за кој кинеските власти имаат безбедносни забелешки.

Huawei планира да започне со масовна продукција на својот најнов AI чип на почетокот на 2025 година, и покрај предизвиците предизвикани од американските санкции.

CATEGORIES
Share This