УКРАИНА ПОТВРДИ: РУСКИ СИЛИ НАВЛЕГОА ВО РЕГИОНОТ ДНИПРО Напредувањето е запрено
Според украинскиот генералштаб, селото Запоризке останува под нивна контрола, додека активни борби се водат кај Новогригоривка, иако руските извори тврдат дека двете населени места се веќе заземени.

Украина првпат официјално потврди дека руските сили преминале во источниот индустриски регион Днипро и се обидуваат да се утврдат на теренот.
„Ова е прв напад од вака голем обем во регионот Днипро, но руското напредување е запрено“, изјави Виктор Трехубов од Оперативната стратешка група на украинската војска.
Според украинскиот генералштаб, селото Запоризке останува под нивна контрола, додека активни борби се водат кај Новогригоривка, иако руските извори тврдат дека двете населени места се веќе заземени.
Регионoт Днипро, со над три милиони жители пред војната и втор индустриски центар по Донбас, досега не беше меѓу областите за кои Москва тврдеше дека се нејзини, но постојано е цел на напади врз големите градови. Украински претставници предупредуваат дека Русија има амбиција да ја заземе целата територија источно од реката Днипро.


