СООБРАЌАЈОТ СЕ ОДВИВА НЕПРЕЧЕНО – Нема подолги задржувања на граничните премини
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони

Фото: АМСМ
Сообраќајот денеска (27.08.) на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози – информираат од Автомото сојузот на Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен поради летните одмори, меѓутоа на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
CATEGORIES Македонија


