ЗА ЕДНО ДЕНОНОЌИЕ 27 ПОЖАРИ – Еден сè уште активен
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 27 пожари на отворен простор.

Според податоците на Центарот за управување со кризи (ЦУК), од нив еден пожар е сè уште активен, два се ставени под контрола, а 24 се целосно изгаснати.
Активен останува пожарот во Општина Долнени, во селото Долгаец, каде што гори мешана шума. Под контрола се пожарите во Општина Македонски Брод, на подрачјето Јасен (мешана шума), и во Општина Гевгелија, на планината Кожуф, каде е зафатена висока шума.
ЦУК информира дека изгаснати се 24 пожари низ повеќе општини во земјата. Најголем дел од нив биле предизвикани од горење на сува трева, депонии и отпад. Пожари имало во Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Бутел, Сарај, Гази Баба, Студеничани, Прилеп, Крушево, Радовиш, Василево, Босилово, Струга, Велес, Зрновци, Чешиново-Облешево, Куманово, Липково, Тетово и Желино.


