МИЦКОСКИ ОБВИНУВА ЗА РАДИКАЛИЗАЦИЈА – ДУИ зборува за маргинализација, СДСМ за „ловење во матно“

Реториката меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ дополнително се заостри откако премиерот вчера ги обвини опозициските партии дека подготвуваат манипулации и хаос за време на изборите.

МИЦКОСКИ ОБВИНУВА ЗА РАДИКАЛИЗАЦИЈА – ДУИ зборува за маргинализација, СДСМ за „ловење во матно“
Фото: Принтскрин

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека претставници на меѓународната заедница биле изненадени и негативно реагирале на пораките на ДУИ, кои, според него, носат заканувачка реторика што може да предизвика етнички тензии.

„Јас не само што ја отфрлам пораката на ДУИ, туку и голем дел од дипломатите што контактираа со мене беа зачудени и ја оценија како опасна“, рече Мицкоски, додавајќи дека станува збор за партија со „криминално и коруптивно минато“ која преку радикализација бара симпатии.

ДУИ пак возврати преку портпаролот Бујар Османи, кој обвини дека Владата на Мицкоски со националистички политики сака да ги врати Албанците во позициите пред Охридскиот рамковен договор. „Оваа политика се гледа и во неговата лична реторика и во тоа што Албанците се исклучени од клучни владини позиции“, порача Османи.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за ТВ 24 истакна дека неговата партија не учествува во никакви предизборни сценарија за дестабилизација и оцени дека Мицкоски, во услови на пад на поддршката и недостиг на резултати, создава „измислени конструкции“.

„Ако ВМРО-ДПМНЕ навистина сакаа да ја избегнат ситуацијата со независните кандидатури, тогаш требаше да обезбедат Бадентерово мнозинство за измените на Изборниот законик. Единствениот што сака да ‘лови во матно’ е токму Мицкоски“, изјави Филипче.

Реториката меѓу ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и СДСМ дополнително се заостри откако премиерот вчера ги обвини опозициските партии дека подготвуваат манипулации и хаос за време на изборите.

CATEGORIES
TAGS
Share This