ЕВЕ КАКВА Е СОСТОЈБАТА НА ПАТИШТИТЕ ДЕНЕСКА Еден патен правец е целосно затворен

Сообраќајот на регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје е целосно запрен поради пожар што избувна во националниот парк Јасен. Властите информираат дека патот ќе остане затворен за сите возила сè додека не завршат активностите за локализација на пожарот.
На останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози. Сепак, поради летниот период и засилените патувања, евидентиран е зголемен интензитет на возила. На граничниот премин Табановце времето на чекање е околу 10 до 15 минути, додека на другите премини од македонска страна нема подолги задржувања.
Автомобилскиот сојуз на Македонија (АМСМ) потсетува возачите да ја прилагодат брзината и строго да ја почитуваат сигнализацијата, особено на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, каде постои ризик од одрони.
Ограничувања за тешки товарни возила
И ова лето останува на сила времената забрана за движење на тешки товарни возила со маса над 15 тони. Забраната важи во викендите и во денови со екстремни температури:
- петок од 17 до 22 часот,
- сабота од 09 до 18 часот,
- недела од 09 до 22 часот.
Дополнително, на магистралниот пат А2 (Скопје – Охрид – Скопје) до 1 септември важи уште построг режим – забрана за товарни возила над 7,5 тони за време на викендите. Мерката е воведена за да се олесни движењето на туристите и да се избегнат застои на наплатните рампи.
Ограничувањето не важи за возила кои превезуваат живи животни, храна, жито, нафта, опасни материи или хуманитарна помош.


