ТРАМП ПРЕДВИДУВА Следува важен период за Украина

ТРАМП ПРЕДВИДУВА Следува важен период за Украина

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изрази уверување дека во наредните две недели ќе има јасна слика за можностите за напредок во решавањето на конфликтот во Украина. Тој истакна дека е во тек интензивен дијалог и дека се разгледуваат различни опции, вклучувајќи и потенцијални санкции против Русија.

„Сите очи ќе бидат вперени во развојот на ситуацијата. За две недели ќе имаме подобра представа за тоа во која насока ќе се движиме“, рече Трамп, нагласувајќи дека е важно да се постигне мирно решение.

Оваа изјава доаѓа во време на зголемени тензији во регионот, а Трамп не исклучува можност за нови мерки против Москва, доколку ситуацијата не се подобри. Сите очекуваат со нетрпение какви чекори ќе бидат преземени во следниот период.

CATEGORIES
Share This