50 МИЛИОНИ ЕВРА ИСПАРИЛЕ ОД МАКЕДОНИЈА – MyWorld пред колапс, граѓаните на удар“
Судбината на македонската подружница зависи од стечајот во Австрија и евентуалното преструктурирање, додека низ Европа се водат истраги за вакви шеми на „лесна заработка“, кои многумина веќе ги нарекуваат пирамиди.

Дали илјадници граѓани ќе останат без пари? Се шпекулира дека преку MyWorld Македонија од државата се изнесени околу 50 милиони евра, додека австриската MyWorld International AG веќе тоне во стечај. Сопственикот и управител Радован Витошевиќ – молчи.
Фирмата во последните пет години вртела над 10 милиони евра, но резултатите се драматични: од добивки од речиси 200 илјади евра во 2022, до огромни загуби и пад на профитабилноста на само 45 илјади евра минатата година.
Иако во компанијата има само осум вработени, приходите по лице достигнуваат речиси 400 илјади евра годишно, со плати над 1.500 евра. Но зад бројките стои приказна за нестабилен модел, кој повеќе создава загуби отколку профит.