42 ФУНКЦИОНЕРИ, СТОТИЦИ ВРАБОТУВАЊА И САМО 1 ОТСТО ДОВЕРБА Димитриевски гласаше за Преспанскиот и Бугарскиот договор за бришење на Македонците, а сега порачува Македонија е мојата љубов

Ги поддржа договорите со Грција и Бугарија, а денес порачува дека Македонија е неговата најголема љубов – дали граѓаните му веруваат на лидерот на ЗНАМ?“

42 ФУНКЦИОНЕРИ, СТОТИЦИ ВРАБОТУВАЊА И САМО 1 ОТСТО ДОВЕРБА Димитриевски гласаше за Преспанскиот и Бугарскиот договор за бришење на Македонците, а сега порачува Македонија е мојата љубов
Фото: Принтскрин

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, предводено од Максим Димитриевски одржува серијата панел-дискусии посветени на отчетот за изминатите две години, под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“.

Партијата, која е дел од владејачкото мнозинство, пред граѓаните ги претставува своите достигнувања и ангажманот на избраните и именуваните функционери, нагласувајќи дека отчетноста е основен принцип на политичкото дејствување.

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, порача дека граѓаните имаат право да знаат што е реализирано во изминатите две години и кои обврски се исполнети.

„Граѓаните имаат право да знаат што е сработено, кои обврски се исполнети и какви резултати се постигнати. Отчетноста не е обврска само пред избори, туку секојдневна одговорност кон оние што ни ја дале довербата“, истакна Димитриевски.

Тој нагласи дека партијата подготвила посебна публикација во која е претставена работата на нејзините функционери.

Како дел од резултатите, Димитриевски посочи повеќе од 1.200 капитални проекти во општините, изградба и унапредување на патната инфраструктура, активности поврзани со Коридорите 8 и 10, како и линеарното зголемување на пензиите и растот на платите во повеќе сектори.

Станува збор за политики и проекти на Владата во која учествува и ЗНАМ, но останува прашањето колкав е конкретниот придонес на партијата во нивното осмислување и реализација. Димитриевски порача дека зад бројките мора да стојат вистински резултати, подобри услови за живот и поголема сигурност за граѓаните.

„Не бараме доверба врз основа на убаво изговорени зборови. Довербата се оправдува со работа, со одлуки и со резултати што луѓето можат да ги препознаат“, рече лидерот на ЗНАМ.

Особено внимание привлекува контрастот меѓу тврдењата за кадровската застапеност на ЗНАМ во институциите и ниската поддршка што, според наведените последни анкети, ја ужива партијата. Имено, се наведува дека ЗНАМ располага со дури 42 функционери и дека со нејзиното учество во власта се поврзуваат стотици вработувања, додека анкетната поддршка се движи околу еден процент.

Димитриевски порачува дека Македонија се сака со дела, а политичката одговорност се докажува со конкретни резултати. Но токму резултатите од анкетите, доколку се потврди поддршката од околу еден процент, ќе бидат сериозен политички предизвик за ЗНАМ.

Две години учество во власта, десетици функционерски позиции и најавени бројни резултати, наспроти ограничена анкетна поддршка – тоа е контрастот на кој партијата допрва ќе треба да даде политички одговор.

CATEGORIES
TAGS
Share This