39°C, А ПОТОА ПРЕСВРТ Попладне доаѓаат дожд, грмежи и силен ветер

Температурите ќе се искачат до 39 степени, а локално попладне се можни невреме и засилен ветер.

39°C, А ПОТОА ПРЕСВРТ Попладне доаѓаат дожд, грмежи и силен ветер
Фото: Национал

Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Температурите ќе се движат од 18 до 39 степени Целзиусови.

Во попладневните часови, на места ќе има услови за развој на изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, претежно од северен правец.

Во Скопје се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ветерот ќе биде слаб до умерен и од променлив правец.

CATEGORIES
Share This