ОПАСНА ПОРАКА ОД ИРАН Првата точка од меморандумот е прекршена
Иран тврди дека е прекршен договорот за прекин на непријателствата во Либан.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, ги осуди израелските воени дејствија врз делови од Либан, оценувајќи ги како „агресивни и терористички операции“ во кои, според него, биле убиени и повредени десетици луѓе, а биле уништени домови и клучна инфраструктура.
Багаеи преку објава на социјалните мрежи предупреди дека продолжувањето на нападите може да предизвика „сериозни и непосредни последици“ за регионалниот мир и безбедност.
Тој ја обвини и администрацијата на САД дека носи директна одговорност за актуелната состојба, повикувајќи се на првата точка од меморандумот за разбирање за прекин на војната, потпишан на 18 јуни 2026 година. Според него, договорот предвидува прекинот на конфликтот во Либан да биде дел од поширокото запирање на непријателствата на сите фронтови.
„Исламската Република Иран ќе ги преземе сите неопходни мерки за заштита на своите интереси, безбедноста и правата, како и интересите на своите сојузници“, изјави Багаеи, пренесе иранската агенција „Мехр“.
Тензиите во регионот продолжуваат да растат, додека Техеран предупредува дека понатамошната ескалација може да има пошироки последици врз безбедносната состојба на Блискиот Исток.


