ВАЖНА ПОСЕТА – Претседателот на Црна Гора во Македонија
Претседателката Сиљановска-Давкова го дочека со воена гарда, а следуваат важни билатерални договори.

Фото: Принтскрин
Претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ, денеска беше пречекан во Вила „Водно“ во Скопје со највисоки државни и воени почести од страна на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
По официјалниот пречек, се очекуваат тет-а-тет средба помеѓу дватајцата претседатели и пленарен состанок на делегациите на Македонија и Црна Гора.
Во рамките на официјалната посета, ќе биде потпишан меморандум за соработка помеѓу младинските совети при кабинетите на двајцата претседатели.
Утре, Милатовиќ ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје, а заедно со Сиљановска-Давкова ќе одржат и предавање на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
CATEGORIES Македонија
