12 ИЛЈАДИ РУСКИ И БЕЛОРУСКИ ВОЈНИЦИ НА ЗАЕДНИЧКА ВЕЖБА – Киев внимателно следи
Ова е прва заедничка воена вежба на Русија и Белорусија на белоруска територија од 2021 година.

Во близина на полската граница започна заедничка воена вежба на околу 12 илјади војници од Русија и Белорусија, прва од 2021 година. Експертите ја гледаат како провокација кон Западот и можност за прикриено мобилизирање.
Аналитичарите потсетуваат дека маневрите во 2021 година претходеа на руската инвазија врз Украина, започната и од белоруска територија.
Украинските власти сметаат дека нов напад од север е малку веројатен, но нагласуваат дека внимателно ја следат вежбата и присуството на руските сили и опрема на границата.
CATEGORIES Свет


