116 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА НИКОЛА ВАПЦАРОВ Неговиот живот и дело чествувани во Пиринска Македонија

Поради својата револуционерна активност, бил уапсен, четири месеци сурово измачуван од бугарската фашистичка полиција и осуден на смрт.

116 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА НИКОЛА ВАПЦАРОВ Неговиот живот и дело чествувани во Пиринска Македонија
Фото: Принтскрин

Македонските организации во Бугарија денеска одбележаа 116 години од раѓањето на големиот македонски поет Никола Јонков Вапцаров.

Организациите ОМО „Илинден“-Пирин, ОМО „Илинден“, Комитетот за заштита на човековите права „Толерантност“ и други македонски здруженија положија свежо цвеќе на споменикот на Вапцаров во неговото родно место, Банско, во Пиринска Македонија.

Пред присутните, копретседателот на ОМО „Илинден“-Пирин, Ристо Џипунов, говореше за животот, делото и патриотската посветеност на поетот. Чествувањето продолжи со забава во блиското село Бања.

Вапцаров јасно се определувал како Македонец. Поради својата револуционерна активност, бил уапсен, четири месеци сурово измачуван од бугарската фашистичка полиција и осуден на смрт. Казната била извршена на 23 јули 1942 година во дворот на една касарна во Софија, заедно со уште еден македонски великан, Антон Попов.

CATEGORIES
TAGS
Share This