10.000 СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ ЗА ПОЛОВИНА МЕСЕЦ – МВР со апел за почитување на сообраќајните правила
Лишени од слобода за безобѕирно управување биле 55 лица – најмногу за возење под дејство на алкохол.

Во периодот 01–16 ноември 2025, при редовните сообраќајни контроли се издадени 10.210 платни налози, од кои 2.983 за пречекорена брзина. Лишени од слобода за безобѕирно управување биле 55 лица – најмногу за возење под дејство на алкохол.
Досега во ноември евидентирани се 2.717 неправилни паркирања, 1.039 возачи без возачка дозвола и 300 санкции за алкохол. Санкционирани се и: 42 мотоциклисти без шлем, 282 пешаци, четири возачи на електрични тротинети, 546 лица без сигурносен појас, 252 нерегистрирани и 55 технички неисправни возила, како и 52 возачи со недозволени фолии.
Контролите продолжуваат, а МВР апелира за почитување на сообраќајните правила.
CATEGORIES Македонија


