1.200 ИТАЛИЈАНЦИ НА ПОПИСОТ ВО ШКОТСКА РЕГИСТРИРАНИ КАКО РОМИ Мислеле дека графата „Роми“ значи Римјани

Необична аномалија се појавила при последниот попис во Шкотска – околу 1.200 лица родени во Италија биле регистрирани како припадници на ромската заедница. Причината? Недоразбирање околу зборот „Роми“.
Многу Италијанци, читајќи го прашалникот на Националниот регистар на Шкотска, го толкувале терминот „Roma“ како поврзан со Рим, а не како ознака за етничка припадност. Така, по грешка го означиле токму тоа поле.
Според податоците, вкупно 3.218 лица во пописот се изјасниле како Роми. Од нив, околу 36,5 проценти или приближно 1.200 се Италијанци – бројка која веднаш го привлекла вниманието на службите.
Традиционално, најголема ромска заедница во Шкотска живее во Глазгов. Но новите бројки покажале невообичаена распределба, што најпрво предизвикало сомнеж, а потоа и дополнителна проверка.


