ЕФТИНИ АВИОНСКИ БИЛЕТИ Зошто на крај можат да ве чинат скапо?
Лет за само 20 евра? Звучи како совршена зделка – сè додека не откриете што (не) добивате.

Нискобуџетните авиокомпании често нудат примамливи цени, но зад нив се кријат бројни дополнителни трошоци.
Сакате куфер? Дополнително. Избор на седиште? Дополнително. Храна и пијалоци? Секако – дополнително. Дури и аеродромот на кој слетувате може да биде десетици километри далеку од градот, со скап и комплициран транспорт.
Од друга страна, традиционалните авиокомпании нудат поудобно и побезбедно искуство централни аеродроми, подобра организација, флексибилност и грижа за патниците во случај на доцнења или откажани летови.
На крајот, летот што изгледа како евтина авантура, може да се претвори во скап и стресен потфат. Затоа, следниот пат размислете двапати – што навистина добивате за таа „евтина“ цена?


