ЗИРКЗЕ НА ПАТОТ КОН РОМА Враќање во Италија по неуспехот во Манчестер

По неуспешниот период во Манчестер Јунајтед, Зиркзе може да се најде во нова средина, а Рома е клубот кој го гледа како идеално решение. Италијанците се подготвуваат за зимскиот трансфер период, а нападот им е во криза. Довбик се соочува со повреди, додека Фергусон, иако покажува знаци на напредок, сѐ уште не ги исполни очекувањата. Головите недостасуваат, а решенијата се ограничени, што значи дека Рома мора да делува. Напаѓачот на Манчестер Јунајтед е на врвот на нивната листа.
Рома внимателно ја следи ситуацијата и планира да направи потег, дури и до средината на јануари. Нивниот план е јасен: позајмица со опција за откуп, која лесно може да прерасне во обврска. Џалоросите веруваат во потенцијалот на Холанѓанецот, особено затоа што во моментот тој не добива многу шанси во Манчестер. Сепак, Зиркзе не е единствениот играч на списокот на Рома, но неговото враќање во Италија изгледа како најверојатен исход.


