ЖОЛТ РАКОМЕТЕН КУП – Македонија против Бахреин, Украина и Швајцарија
Три контролни натпревари во Винтертур за подготовка на Европското првенство

Најдобрата машка ракометна репрезентација на Македонија отпатува за Швајцарија, каде во наредните три дена ќе одигра три контролни натпревари.
Под водство на селекторот Кирил Лазаров, избраниците ќе настапат во Винтертур на турнирот „Жолт куп“. Противници на Македонија ќе бидат Бахреин, Украина и домаќинот Швајцарија, редоследно.
Овие натпревари ќе послужат за подигање на формата на македонските ракометари во пресрет на вистинскиот предизвик – Европскиот шампионат. Македонската експедиција на 11 јануари заминува за Данска.
Првиот натпревар на ЕП, на 16 јануари, ќе биде против ко-домаќинот и еден од главните фаворити за златото – селекцијата на Данска. Во групата Б, чиј натпревари ќе се играат во Хернинг, црвено-жолтите ќе се сретнат и со Португалија (18 јануари) и Романија (20 јануари).
Целта на македонските ракометари е јасна – обезбедување едно од првите две места во групата и пласман во главната фаза на шампионатот.


