ЛЕТЕН ВЕТЕР НОСИ СВЕЖИНА – Стабилно време низ цела држава
Температурите ќе се движат во интервал од 12 до 22 степени Целзиусови во утринските часови, додека дневниот максимум ќе достигне од 27 до 36 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска не очекува претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува засилен северен ветер, чија брзина ќе надминува 70 километри на час.
Температурите ќе се движат во интервал од 12 до 22 степени Целзиусови во утринските часови, додека дневниот максимум ќе достигне од 27 до 36 степени.
Во Скопје, времето ќе биде слично – сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе изнесува околу 20 степени, а максималната ќе се искачи до 34 степени.
Според метеоролозите, утре се очекува стабилно и сончево, но нешто посвежо време, со благо опаѓање на температурите за 4 до 6 степени поради влијанието на северниот ветер.
Од понеделник повторно се очекува пораст на дневните температури, што најавува враќање на летната топлина.


