ЖЕНА ОД СИНИЧАНЕ НАПАДНАТА ОД МЕЧКА, пренесена во болница

Настанот бил пријавен во полиција околу 18 часот од Клиничката болница во Тетово, каде што била донесена повредената жена.

ЖЕНА ОД СИНИЧАНЕ НАПАДНАТА ОД МЕЧКА, пренесена во болница

Четириесет и едногодишната Е.Х. од село Синичане била нападната од мечка денеска околу 16:30 часот на шумски пат во местото викано „Голем рид“, соопшти СВР Тетово.

Настанот бил пријавен во полиција околу 18 часот од Клиничката болница во Тетово, каде што била донесена повредената жена. Засега не се соопштени детали за сериозноста на повредите.

Случајот е пријавен и се преземаат мерки за расчистување на околностите на нападот.

CATEGORIES
Share This