ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКФЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА ПОРАДИ ЛЕТНИТЕ ОДМОРИ – 30 минути чекање на Богородица

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКФЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА ПОРАДИ ЛЕТНИТЕ ОДМОРИ – 30 минути чекање на Богородица
Фото: АМСМ

Денеска (19.08.) сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Богородица за времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

CATEGORIES
Share This