ЗГОЛЕМЕНА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА: Ребалансот носи зголемени средства за пензии, плати и инвестиции
Здравковски потенцираше дека особено се засилени инвестициите во младите и образованието, со 2 милијарди денари предвидени за изградба и рехабилитација на студентски домови, кампуси и училишта. Програмата „Купи куќа за млади“ добива, како што рече, „111% повеќе средства“.

Пратеникот Игор Здравковски од ВМРО-ДПМНЕ денеска ја поздрави амандманската расправа за ребалансот на буџетот, оценувајќи дека Владата покажува „зголемена финансиска дисциплина, раст на приходите и фокусирано пренасочување на средства кон приоритетни области“.
Според него, ребалансот обезбедува значителни средства:
- 800 милиони денари повеќе за плати,
- 2,5 милијарди денари дополнително за пензии,
- 300 милиони денари за капитални инвестиции.
Здравковски потенцираше дека особено се засилени инвестициите во младите и образованието, со 2 милијарди денари предвидени за изградба и рехабилитација на студентски домови, кампуси и училишта. Програмата „Купи куќа за млади“ добива, како што рече, „111% повеќе средства“.
Во инфраструктурата, предвидени се дополнителни 307 милиони денари за локални патишта, а се зголемува и буџетот за железничка инфраструктура. За здравството се одвојуваат 237 милиони денари за изградба, реконструкција и дигитализација на здравствени установи.
Критики упати и кон опозицијата, велејќи дека нивните амандмани биле „неинформирани и дуплирани“, бидејќи се однесувале на проекти кои веќе се вклучени во ребалансот. Спомна и примери од Кочани, обвинувајќи ги за „седумгодишна неактивност“.
На крајот, Здравковски порача дека Владата со поддршка од Собранието останува посветена на решавање на проблемите на граѓаните – од социјалната политика до инфраструктурата и модернизацијата на јавните услуги.


