ЗГОЛЕМЕН БРОЈ СТУДЕНТИ Во 2024/2025 година запишани 2,3% повеќе од претходната година

Најголемиот дел од студентите, односно 76,8 проценти, се запишале на државните високообразовни установи, додека 23,2 проценти се одлучиле за приватни факултети.

ЗГОЛЕМЕН БРОЈ СТУДЕНТИ Во 2024/2025 година запишани 2,3% повеќе од претходната година

Во академската 2024/2025 година на додипломски студии (прв циклус) се запишале вкупно 53.535 студенти, што претставува зголемување од 2,3 проценти во споредба со минатата академска 2023/2024 година, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС).

Од вкупниот број запишани, 31.734 или 59,3 отсто се студентки.

Најголемиот дел од студентите, односно 76,8 проценти, се запишале на државните високообразовни установи, додека 23,2 проценти се одлучиле за приватни факултети.

Во прва година студии се запишале 14.644 студенти или 27,4 отсто од вкупниот број запишани. Од нив, 13.825 студенти се запишуваат на факултет првпат, додека останатите повторно се запишуваат по прекин или по промена на студиска програма.

Најмногу студенти во 2024/2025 година се одлучиле да студираат во областа на здравството и социјалната заштита – 13.371 студенти. Следуваат областа бизнис, администрација и право со 10.839 студенти и информатичко-комуникациските технологии со 8.875 студенти. Најмал интерес имало за областа земјоделство, шумарство, рибарство и ветерина каде што се запишале само 740 студенти.

CATEGORIES
Share This