ЗЕЛЕНСКИ ВОЗВРАТИ НА ПОКАНАТА НА ПУТИН ЗА СРЕДБА ВО МОСКВА – Дојди на средба во Киев ако можеш

Украина подготвена за компромис, но Русија мора да направи исто, засега Донбас останува клучно територијално прашање

ЗЕЛЕНСКИ ВОЗВРАТИ НА ПОКАНАТА НА ПУТИН ЗА СРЕДБА ВО МОСКВА – Дојди на средба во Киев ако можеш
Фото: Принтскрин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин како дел од мировните преговори, но ја исклучи можноста средбата да се одржи во Москва или Белорусија. Тој јавно го покани Путин да дојде во Киев „ако може“.

„Апсолутно е невозможно за мене да се сретнам со Путин во Москва. Тоа би било исто како средба со Путин во Киев. Можам и да го поканам во Киев – нека дојде. Го поканувам јавно, ако можам, се разбира“, рече Зеленски, објави УНИАН.

Зеленски нагласи дека Украина е подготвена за компромис во рамките на мировните преговори, но дека Русија мора да покаже иста подготвеност. Тој истакна дека досега не е постигнат компромис по прашањето на териториите, особено во регионот Донецк.

Според него, барањата кои ѝ се наметнуваат на Украина не можат да се сметаат за компромис, бидејќи подразбираат промена на територијалниот интегритет на земјата. Како „најмалку проблематично решение“, Зеленски ја предложи можноста украинските и руските сили да останат на своите сегашни позиции.

Зеленски, исто така, посочи дека не се водени понатамошни дискусии за американскиот предлог регионот Донбас да се прогласи за слободна економска зона, бидејќи руската делегација немала мандат да одлучува за тие прашања.

Во врска со размената на воени заробеници, Зеленски оцени дека Русија го запрела процесот, наведувајќи дека Москва не ја гледа размената како корист за себе. Тој додаде дека Русија треба да размисли и за своите војници.

CATEGORIES
TAGS
Share This