ЗЕЛЕНСКИ ИЗДАДЕ НОВА НАРЕДБА Украина ќе испраќа 1.000 дронови дневно кон Русија

Украинскиот претседател најави повеќе од тројно зголемување на нападите со беспилотни летала со долг дострел.

ЗЕЛЕНСКИ ИЗДАДЕ НОВА НАРЕДБА Украина ќе испраќа 1.000 дронови дневно кон Русија
Фото: Принтскрин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во својство на Врховен командант на украиснките вооружени сили најави значително зголемување на украинските напади со беспилотни летала со долг дострел врз цели во Русија.

Зеленски денеска изјави дека ѝ наложил на украинската армија бројот на вакви напади да биде зголемен на 1.000 дневно, што е повеќе од досегашните околу 300 напади дневно.

„Постои многу конкретна цел и ние ќе ја исполниме таа задача“, порача Зеленски во своето вечерно обраќање, пренесува „Укринформ“.

Според украинскиот претседател, прашањето било разгледано и на состанокот на Врховниот командант, каде што се разговарало и за испораката на оружје и системи потребни за заштита на Украина од руските напади.

CATEGORIES
TAGS
Share This