ЗАВРШИ ВТОРИОТ ИЗБОРЕН КРУГ – Македонија гласаше со излезност од 40,45%

Изборниот ден помина мирно, без поголеми неправилности

ЗАВРШИ ВТОРИОТ ИЗБОРЕН КРУГ – Македонија гласаше со излезност од 40,45%
Фото: Национал

Заврши гласањето во вториот круг од локалните избори, во кој граѓаните избираа градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје.

Според податоците на Државната изборна комисија, до 18:30 часот излезноста на ниво на цела држава изнесува 40,45%. Од вкупно 1.013.357 граѓани со право на глас, до овој момент гласале 399.319 избирачи, со обработени податоци од 987.174 гласачки места.

Гласањето се спроведе на 1.771 избирачко место низ државата.

Најмала излезност е забележана во скопските општини Сарај (11,45%) и Чаир (13,7%), додека највисока излезност има во општина Росоман – 77,51%.

CATEGORIES
TAGS
Share This