ЗАПОЧНУВА ЗАШТИТА НА „МАКЕДОНИУМОТ“ – Следува и реконструкција

Завод и музеј Прилеп изработува проект за целосна реконструкција, кој ќе биде готов до средината на следната година.

ЗАПОЧНУВА ЗАШТИТА НА „МАКЕДОНИУМОТ“ – Следува и реконструкција

Проект од 2,5 милиони денари ќе обезбеди интервентна заштита на споменикот „Македониум“ до крајот на годинава, информира портпаролката на Владата Марија Митева.

Таа најави дека Завод и музеј Прилеп веќе работи на проект за целосна реконструкција и конзервација, кој треба да биде финализиран до средината на следната година. Потоа Министерството за туризам и култура ќе утврди динамика и план за финансирање.

Митева нагласи дека сегашната состојба е последица на долгогодишно одлагање, бидејќи процесот на реконструкција бил прекинат уште во 2017 година. Таа истакна дека Владата има обврска да го исправи тоа поради културната и националната важност на споменикот.

CATEGORIES
Share This