ЗАПОЧНУВА АМАНДМАНСКАТА РАСПРАВА ЗА ПРЕДЛОГ-БУЏЕТОТ Поднесени се над 100 амандмани

Буџетот предвидува приходи од 374,7 милијарди денари, расходи од 413,9 милијарди и капитални инвестиции од 40,5 милијарди денари.

ЗАПОЧНУВА АМАНДМАНСКАТА РАСПРАВА ЗА ПРЕДЛОГ-БУЏЕТОТ Поднесени се над 100 амандмани

Во Комисијата за финансирање и буџет денеска почнува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, за кој се поднесени над 100 амандмани.

Буџетот предвидува приходи од 374,7 милијарди денари, расходи од 413,9 милијарди и капитални инвестиции од 40,5 милијарди денари. Проектирани се економски раст од 3,8 %, инфлација од 2,5 % и дефицит од 3,5 % од БДП.

Министерката Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека буџетот се базира на реални проекции, мерки за намалување на сивата економија, фискална консолидација и рационализирање на несуштинските расходи.

Пленарната седница за Предлог-буџетот е закажана за 9 декември.

CATEGORIES
Share This