ЗАКОНОТ ЗА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА ВО ЕУ МОЖЕБИ ЌЕ ПОЧЕКА Одложување на делови од регулативата на повидок
Неговата примена ќе започне постепено во текот на следната година и пол, при што првите ограничувања ќе стапат на сила веќе од февруари 2025 година, а следните важни датуми се предвидени за август 2025 и 2026 година.

Европската Унија не исклучува одложување на примената на делови од Законот за вештачка интелигенција, најави денеска Хена Виркунен, шефица на Технолошкиот комитет на Европската комисија.
Виркунен истакна дека доколку стандардите и упатствата не бидат подготвени навремено, може да се разгледа можноста за одложување на дел од законските одредби.
Ова го изјави за време на состанокот со министрите за дигитална политика на Европската Унија во Луксембург.
Законот за вештачка интелигенција, кој претставува првиот правен акт во светот наменет за ограничување на ризиците поврзани со користењето на оваа технологија, беше договорен крајот на 2023 година.