ЗАБРАНЕТИ КОЦКАРНИЦИ ПОКРАЈ УЧИЛИШТА – Владата повлекува храбар потег

Ваквиот пристап, според Владата, покажува дека со политичка волја се можни вистински промени.

ЗАБРАНЕТИ КОЦКАРНИЦИ ПОКРАЈ УЧИЛИШТА – Владата повлекува храбар потег
Фото: Влада

Владата го усвои новиот Предлог-закон за игрите на среќа, со кој конечно се воведуваат строги правила и надзор во секторот што со години наназад функционираше без доволна контрола. Според вицепремиерот Изет Меџити, законот претставува важен чекор кон заштита на младите и целото општество од штетното влијание на коцкањето.

Со новите одредби, коцкарниците, автомат-клубовите и обложувалниците ќе мора да се дислоцираат далеку од училиштата и другите образовни установи.

„Ќе ја исчистиме околината на училиштата од оваа деструктивна индустрија. Учениците повеќе нема да бидат изложени на коцкарска култура – младите ќе бидат заштитени, како што заслужуваат,“ изјави Меџити.

Законот воведува построги критериуми за работа, повисоки даноци и строга контрола, со цел да се спречат злоупотреби и да се отстранат операторите што работеа на штета на граѓаните и институциите.

„Стававме крај на времето кога профитот од коцкањето беше поважен од здравјето и благосостојбата на граѓаните. Овој закон е во интерес на обичниот човек – на ученикот, родителот, семејството,“ нагласи Меџити.

Законот ќе стапи во сила по неговото усвојување во Собранието. Ваквиот пристап, според Владата, покажува дека со политичка волја се можни вистински промени.

CATEGORIES
TAGS
Share This