ЗА ДВА ДЕНА КАЗНЕТИ 1.425 ВОЗАЧИ Неправилно паркирање и брзо возење најчести прекршоци

Од Министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, особено во пресрет на претстојниот празник, кога се очекува зголемена фреквенција на патиштата. МВР потсетува дека возењето под дејство на алкохол претставува сериозна закана за безбедноста.

ЗА ДВА ДЕНА КАЗНЕТИ 1.425 ВОЗАЧИ Неправилно паркирање и брзо возење најчести прекршоци

Во рамки на засилените сообраќајни контроли спроведени низ патиштата во земјава во изминатите два дена, полициските службеници изрекоа вкупно 1.425 платни налози за прекршоци според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Законот за возила, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Најголем дел од санкциите се однесуваат на неправилно паркирање (415 прекршоци) и пречекорување на дозволената брзина (333 случаи). Во акциите биле регистрирани и 144 возачи без возачка дозвола, додека 71 лице било казнето за неносење сигурносен појас. Исто така, 39 мотоциклисти биле санкционирани за неносење заштитна кацига, а 64 возачи за користење мобилен телефон додека управувале возило.

Според податоците на МВР, шест возачи поминале на црвено светло, а кај 18 било утврдено присуство на алкохол над дозволеното ниво. Покрај тоа, биле санкционирани и 15 пешаци поради различни прекршоци.

Во согласност со Законот за возила, од сообраќај биле отстранети 48 возила – 14 поради техничка неисправност, а 34 поради нерегистрираност.

Од Министерството апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила, особено во пресрет на претстојниот празник, кога се очекува зголемена фреквенција на патиштата. МВР потсетува дека возењето под дејство на алкохол претставува сериозна закана за безбедноста.

„Одговорното однесување во сообраќајот е предуслов за зголемување на безбедноста и заеднички придонес за посигурни патишта“, порачуваат од МВР.

CATEGORIES
Share This